Активности|


Денеска со почеток во 13:00 часот во просториите на Општина Центар ќе се одржи јавна презентација на конечениот предлог план по Деталниот урбанистички план Градска четврт И09 – Нова железничка станица, Општина Центар и Општина Аеродром.
Опфатот на планот зафаќа вкупна површина од 8,51 ха, а границата е дефинирана:
• на северoисток границата се движи по осовината на Бул.„Кузман Јосифовски Питу“
• на југоисток границата е поставена долж осовината на ул. „Борис Кидрич“
• на југозапад границата се движи по осовината на ул. „3-та Македонска Бригада“ и
• на северозапад границата се движи по осовината на ул.“Никола Карев“

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за „сообраќај и врски“.
Со Генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира Градска четтврт И 09 – Нова железничка станица.
Притоа, во делот на Општина Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на Општина Аеродром големи трговски единици и единици за здравство и социјална заштита, а истиот предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.
Јавната анкета по деталниот урбанистички план за Градска четврт И09, е во тек. Сите заинтерeсирани физички и правни лица сé уште имаат можност да го видат планотво просториите на урбаната заедница „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или на веб страницата на Општина Центар, во делот “детални урбанистички планови“. Анкетните листови со предлози и забелешки за планот, можат да се достават во урбаната заедница „Мирче Мацан“ и/или по електронски пат на planiranje@centar.gov.mk и веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk , најдоцна до 27 февруари.
Постапката за донесување на планот паралелно ја води и Општина Аеродром бидејќи опфатот на планот се наоѓа на територијата на двете општини, Центар и Аеродором.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close Search Window