Политика за користење на колачиња. (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.   

 

Зошто користиме колачиња (cookies)?

 

На веб страницата на Општина Центар – Скопје, centar.gov.mk користиме привремени колачиња кои се бришат со исклучување на пребарувачот.

На страницата centar.gov.mk користиме колачиња од следниве причини:

·         За техничко функционирање на веб страницата;

·         За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате со нашето користење на колачиња на оваа веб страница.

Во поголемиот број прелистувачи можете генерално да спречите користење на колачиња, со што понатаму поединечно за секоја веб страна можете да ги поставувате вашите преференци.

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Close Search Window