м-р Горан Герасимовски

Градоначалник на Општина Центар

Роден 1982 година во Република Македонија

Место на живеење:
Скопје , Општина Центар

Професија : Мр. Менаџмент на човечки ресурси

БИОГРАФИЈА

Горан Герасимовски е дипломиран социолог, магистер по менаџмент на човечки ресурси. Од 2017 година, три години, е заменик-директор на Државниот завод за индустриска сопственост, а потоа ја презема функцијата директор. Со својата работа придонесува видливо да се унапредат услугите што ги нуди ДЗИС и да се градат нови партнерства што отвораат нови можности за корисниците.

Герасимовски е Градоначалник на Општина Центар од ноември 2021 година.

Од 2009 до 2017 година Герасимовски работи во приватниот сектор, во компанија за испитување на јавното мислење и спроведување на комуникациските стратегии. Во тој период води повеќе меѓународни проекти, меѓу другото, спроведува и голем број истражувања на јавното мислење во рамките на државата, а тоа му овозможува детално да се запознае со потребите на локалното население. Во текот на работењето како директор на човечки ресурси и истражувања задолжен е за водење и координирање на големи тимови, нивна регрутација, селекција, обука и развој, како и планирање и реализација на истражувања на јавно мислење. Тука се неговите почетоци како менаџер на тимови, а понатаму тоа се рефлектира на постигнатите успеси на директорската позиција.

Првото работно искуство го стекнува во 2006 година во Државен завод за статистика, каде што две години е задолжен за организација и спроведување на статистички истражувања, односно подготовка, обработка и анализа на добиени податоци од истражувања.

Приватно, Герасимовски е сопруг и татко на две деца. 

ПРАШАЈ ГО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

ПРОЕКТИ

Close Search Window