Историја на Општина Центар

Општина Центар е една од десетте општини во Градот со централно место, па одттука и самите жители ја нарекуваат срцето на Скопје, бидејќи се распостила на најубавиот дел од Градот. Таа Ве прифаќа не само како свој жител, туку и како гостин, минувач, пријател.

Според апсолутната надморска височина од 320 метри, таа се вбројува цо најниските општини во државата. Има правец на протегање североисток – југозапад.
Вкупниот број на жители изнесува 45.362, со што се наоѓа на седмото место во Скопје. Општината се протега на површина од околу 8 км².

Општина Центар, од своето формирање до денес, со право е центар на случувањата на Скопје и Македонија, и покрај многуте промени од некогашната општина Идадија, нејзиното формирање во 1976 година, новата територијална поделба во 2004 година, таа секојдневно пулсира. Израснива во модерен европски, па и светски центар со комплетна урбанизација. Тука секојдневно нешто се случува.

Сакајќи сликовито да ги преставиме границите на Општина Центар, би започнале од подножјето на Водно на југ, од пред манастирот во Капиштец на југозапад, па кон запад Дебар маало, Гратскиот Парк и кон северозапад – Калето, од Тетовска трошарина, кон север Стара турска чаршија, па кон Крњево и кон североисток преку Вардар кај Новата Железничка Станица, Маџар маало и подесно Ново маало, потаму преку пругата кај старите гробишта, денес МВР и долно Водно, во прегратка ќе ја имате денешната Општина Центар.

Општиината поради својата местоположба и значење, истовремено е и седиште на најголем број установи и објекти кои имаат архитектонски, историски, административен, културен, политички, образовен и трговски карактер, како и најгусто населениот станбен дел во нашата земја. Тука се наоѓаат: Собранието на РМ, Владата на РМ, Народната и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градскиот Парк, Македонскиот народен театар, Македонската опера и балет, Археолошкиот музеј, Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, Порта Македонија, Скопската тврдина Кале, Црквата „Свети Спас“, Камениот мост, Ристиќевата палата, старата железничка станица и голем број на хотели, кои нудат пријатни мигови за престј и дружење за сите туристи, кои во огромен број ја посетуваат Општина Центар.

Токму и затоа, Општина Центар е единствена по својата убавина, таа е оној дел од Скопје, кој може да ги сплоти сите генерации, култури сите минувачи и посетители.

Close Search Window