Герасимовски: Не е време за политикантство туку за итни мерки и работа на терен. Обезбедуваме финансиска поддршка за штетите од невремето
23.07.2026
По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули.
Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
22.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината.
Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди
22.07.2026
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар.
Герасимовски: Мобилни екипи на терен и утрово, Центар не застанува по силното невреме
22.07.2026
Мобилните екипи на Општина Центар и утрово се на терен и интензивно работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата по силното невреме. Службите работеа до доцна во ноќта, а веднаш по невремето повторно излегоа рано наутро, со цел што побрзо да се воспостави ред и безбедност на секоја улица.
Герасимовски: Нова инклузивна поддршка за децата и семејствата во Центар, дневен престој и индивидуален третман
20.07.2026
Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со попреченост.