Герасимовски до советниците: Граѓаните гледаат кој работи за нив, а кој за партијата
13.11.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на седницата на Советот ја повика советничката група на ВМРО- ДПМНЕ да престане да ги става партиските интереси пред потребите на граѓаните. Тој потсети дека во изминатите четири години Советот едногласно поддржувал проекти од интерес на центарци и дека токму таа соработка дала резултати.
Прв вебинар: статија за веб-страница и билтен – проект „Bridging Beliefs“
09.11.2026
На 2 декември, од 10:30 до 12:00 часот по средноевропско време, придружете ни се на првиот вебинар на проектот „Bridging Beliefs“, посветен на говорот на омраза и дезинформациите на интернет, во организација на АЛДА. Проектот „Bridging Beliefs“ има за цел да поттикне дијалог меѓу различните религии и уверувања, со цел зајакнување на демократијата во Европската Унија.
Герасимовски: Слободата се празнува со хуманост, „Симит и погача“ во срцето на Скопје
13.11.2026
Со хуманост, солидарност и меѓугенерациско дружење, Општина Центар го одбележа 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Традиционалниот хуманитарен фестивал „Симит и погача“ ги обедини граѓаните пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, а средствата собрани од базарот со домашни специјалитети се наменети за поддршка на повредените во пожарот во Кочани.
Герасимовски: Вие го изобличивте Центар со ДУП-овите што ги носевте, а денес зборувате за урбанизмот
Просторен план Република Северна Македонија-Нацрт план
Оглас објава
Оглас рок
Оглас состојба
Активен
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)
06.11.2026
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ - УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год.
ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.