Активности|

Општина Центар, при подготовката на Програмите за работа и на Буџетот за следната година, веќе осум години реализира граѓански проектни и буџетски форуми и консултации.

Цел на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и креирање на транспарентна локална самоуправа.

Поради превенција и заштита од ширењето на вирусот Ковид-19, годинава овој процес ќе го реализираме електронски, преку Анкетен прашалник, со што и во вакви услови нема да отстапиме од нашиот принцип за партиципативно учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво.

Одговорите на поставените прашања имаат значење при креирањето на општинските програми за работа.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdeQ8KhPdLd1uROTvfJlnEXwnTqY_r0RMBsDJpvEMEnmsXwsw/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Comments are closed.

Close Search Window