Активности, Спорт и млади|

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2020 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 25/19), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

ОГЛАС

За распределба на финансиски средства од

Програмата за спорт и  рекреација

                     на Општина Центар-Скопје за 2020 година

  1. Право на учество во Огласот имаат спортски клубови, спортски здруженија и други организации од областа на спортот, кои имаат регистрирана дејност спорт, за организирање и спроведување проекти од областа на спортот, како и за дејност од јавен интерес.
  2. За да учествуваат во Јавниот оглас барачите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:
  • Да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации во Централен Регистар на РСМ,со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје;
  • Доказ од соодветната/надлежна федерација за членство на клубот во истата, категоријата во која учествува и времетраењето на учеството;
  • Да се приложи програма/проект на активности во тековната година;
  • Документација со која се потврдуваат постигнатите резултати и успеси според агендата на натпревари на соодветната спортска федерација;
  • Финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/проектот, број на ангажирани лица и опис на трошоци по позиции.

    3.Начин на пријавување

Потребните документи се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје, во затворен плик, со назнака за „Оглас за распределба на финансиски средства од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2020 година“, на кој пишува „Не отворај“.

4.Рок за поднесување документи

Рокот за поднесување на документите почнува да тече од денот на објавување на веб-страницата на Општината, од 22.9.2020 година заклучно со 29.9.2020 година.

5.Документите на апликантите што не се комплетни и кои не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

6.Финансиските средства предвидени со програмата за спорт и рекреација за овој оглас  изнесуваат 1 000 000,денари

Comments are closed.

Close Search Window