Активности|

Грдата слика на стари и оштетени пешачки патеки на Сквер Јадран ќе бидат минато. Општина Центар од денеска на Сквер Јадран,  започнува со градежни активности за реконструкција и обнова на пешачките и пристапните патеки на површина од 1836 метри квадратни.

Оштетените елементи, како и дел од пристапните патеки кои водат кон Плоштадот „Македонија“ и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, ќе бидат заменети и обновени со нови павер елементи. Градежните активности ќе опфатат менување на долниот строј од павер елементите и ќе се направи замена на оштетените рабници.

Со реконструкцијата на Сквер Јадран, сообраќајното решение нема да има измени, ќе се задржи постојниот пристап за противпожарни, интервентни и дипломатски возила, како и за возилата на резидентните паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Јавната зелена површина која го краси и разубавува Сквер Јадран, ќе биде обновена и уредена со нов концепт на зеленило. Ќе бидат поставени три врсти на зеленило и тоа  високи садници, грмушки и зелени покривачи. Покрај хортикултурното уредување на овој потег, ќе биде заменет и системот за наводнување, во современ систем кој автоматски и континуирано ќе го наводнува и одржува новото поставено зеленило.

Покрај уличното осветлување кое неодомна беше реконструирано и заменето на плоштадот Сквер Јадран, Општина Центар планира поставување на нови смарт купи, кои за првпат ќе бидат поставени на територијата на Центар.

Општина Центар продолжува со своите заложби за креирање и обезбедување подобри и современи улови за квалитетно и модерно живеење во Центар.

Планирано е градежните активности да завршат во наредните 60 дена.

Comments are closed.

Close Search Window