Активности|

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16; 163/16; 64/18 и 168/18) Градоначалникот на Општина Центар – Скопје распишува

Ј А В Е Н   П О В И К за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

          Јавниот повик се распишува во согласност со член 21 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16; 163/16; 64/2018 и 168/18).                                                                                                              

Јавниот повик ќе трае од 2.9.2019 до 4.10.2019 година или 33 дена, сметано од објавувањето во дневниот весник „Слободен печат“.                                      

Во текот на јавниот повик, сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават иницијативи за изработување и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1), точка 2, алинеја 2 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општината.                                                                              

Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на важечки урбанистички план, со образложение за бараните изменувања и предлог за планскиот опфат.                                                                  

За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување на иницијативи.                    

 Средствата за прифатените иницијативи за изработување и донесување на урбанистичките планови треба да ги обезбедат правните или физичките лица подносители на иницијативите.                                                                             

Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Центар – Скопје, www.centar.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во „Службен гласник на Општина Центар – Скопје“ и во дневниот весник „Слободен печат“.

Comments are closed.

Close Search Window