Образование|

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 17/22), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2023/2024 година

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на науки, техника и посебни вештини во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2020 година:

 

  • прво место градски (општински) натпревар (0,5 бода);
  • прво место регионален натпревар (1 бод);
  • прво или второ место на државен натпревар (2 бода или 1,5 бода);
  • прво или второ место на меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од здруженија, организации, друштва, асоцијации и сл. акредитирани од МОН.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науки, техника и посебни вештини од VI до VIII одделение, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2020 година.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

– Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;

– За освоени од два (2) до пет (5) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;

– За освоени повеќе од пет (5) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинската комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 27.9.2023 година.

Нема да се разгледуваат документите што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2020 година.

 

 

VII Одлука на Комисија за спроведување на постапката за доделување стипендии

Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во случај ако од некое училиште нема ученик со целосно исполнети критериуми и услови, Комисијата прави исклучок и избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања.

 

 

 

 

 

                                                     

 

 

Comments are closed.

Close Search Window