Образование|

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за  култура за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 17/2022), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата

на Општина Центар-Скопје за учебната 2023/2024 година

 

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VII, VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите да се редовни ученици во VII, VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на културата  (сите видови на уметност) во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2020 година:

 

  • прво место градски (општински) натпревар (1 бод и 0,5 бода);
  • прво место регионален натпревар (1,5 бода);
  • прво место државен натпревар (2 бода);
  • прво или второ место меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од лиценцирани организатори на натпревари.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2020 година.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

  • Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;
  • За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
  • За освоени повеќе од четириесет (40) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

 

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинската комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 27.9.2023 година.

Нема да се разгледуваат документи што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2020 година.

 

VII Одлука на Комисија за спроведување на постапката за доделување стипендии

Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во случај ако од некое училиште нема ученик со целосно исполнети критериуми и услови, Комисијата прави исклучок и избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања.

 

                                                     

 

 

Comments are closed.

Close Search Window