Совет|

Дневен ред за 24. седница на Совет на Општина Центар, закажана за 22.5.2023 со почеток во 13:00 часот, во сала на Совет (барака бр.6).

Дневен ред:

  1. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Општина Аеродром за времено користење на градежно земјиште.

 

  1. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Град Скопје за реконструкција (рехабилитација) на улица „Славејко Арсов“ (со краци) и улица „Столтенбергова“.

 

  1. Предлог-одлука по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 1.1.2023 година до 31.3.2023 година.

 

  1. Предлог-одлука за отпис на основни средства.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлука бр. 02-178/2 од 10.5.2023 година за поставување фотоволтаични системи на кровната конструкција на Општинско основно училиште „11 Октомври“ Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлука бр. 02-136/ од 11.5.2023 година за поставување фотоволтаични системи на кровната конструкција на Општинско основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ Скопје

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлука бр. 02-496/1 од 12.5.2023 година за поставување фотоволтаични системи на кровната конструкција на Општинско основно училиште „Киро Глигоров“ Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за донесување Техничка исправка на детален урбанистички план за ГП 1.5.2 од Деталниот урбанистички план Централно градско подрачје на град Скопје-Мал Ринг, изменување и дополнување, Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за донесување Техничка исправка на детален урбанистички план за ГП 1.13 во ДУП изменување и дополнување на ДУП Градска четврт Капиштец локалитет Геолошки завод, Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за донесување Техничка исправка на детален урбанистички план за ГП 18.13 во Изменување и дополнување на ДУП Буњаковец 2, Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 4.10 во Измена и дополнување на детален урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8, УМ9, УМ10, УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20, УМ21, УМ22, УМ23, Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од Урбанистичкиот проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 18.08 и ГП 18.09, согласно Изменување и дополнување на ДУП Буњаковец 2 со намена А2-домување во згради, Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-правилник за измена и дополна на Правилник за внатрешна организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за прифаќање на донација на елементи за паркирање на велосипеди.

 

  1. Предлог-одлука за ставање вон сила на Одлуката за прифаќање донација на поставување инсталација пред Дом на градежници од Друштво за снимање и издавање на звучни и музички записи АМОК доо Скопје.

 

  1. Советнички прашања.

Comments are closed.

Close Search Window