Култура|

Во Паркот на франкофонијата, изминатава сабота за прв пат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот беа македонски производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна. Во музичкиот дел на манифестацијата настапија децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамлот „Кочо Рацин“ од Општина Центар.

„Со гордост можам да кажам дека Општина Центар вложува многу во заштита и минимизирање на негативните влијанија врз економската состојба на нашите семејства. Тоа го постигнуваме преку креирање програми и проекти посветени на семејствата. Токму тука во текот на вчерашниот ден доделивме 130 решенија за финансиска поддршка на семејствата со новороденче. Ова е само еден дел од помошта што Општина Центар ја доделува со цел заштита на семејствата. Исто така Општина Центар силно инвестира во градинките и училиштата и вложува во нови објекти бидејќи ги вреднува нашите деца и нивната иднина“, изјави Герасимовски.

Општина Центар преку манифестацијата ЕКОПИКНИК, поттикнува дружење и забава, во насока на негување и зачувување на македонската гастрономска традиција и култура. На овој начин општината ги поддржува и малите локални екопроизводители кои ги промовираат своите гастрономски иновации.

 

Comments are closed.

Close Search Window