Активности, Спорт и млади|

Општина Центар продолжува со реконструкција на старите и изградба на нови, современи детски игралишта.

Во ООУ Кочо Рацин, кое се наоѓа во подножјето на планината Водно, по повеќе од 30 години се реконструираа спортските игралишта.

Обновено е фудбалското игралиште со површина од 800 м2, кошаркарското со површина од 150 м2 и детското игралиште, со површина од 100 м2, или вкупно 1050 м2.

Оградата и кошевите на кошаркарското игралиште се донација од спортската обложувалница „Спорт лајф.“

Со ова, децата од ООУ Кочо Рацин добија современ надворешен „спортски центар“, со три обновени, модерни игралишта.

Comments are closed.

Close Search Window