Проекти|

Врз основа на член 22, став 1, точка 7, член 50, став 1, точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.01/06; 12/15; 9/19; 14/19; 1/21 и 11/21), точка 3 од Програмата за социјална, здравствена заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.17/22) и Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.5/23), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување субвенција за Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните”

 

Општина Центар-Скопје ќе започне со примање на барање за Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните” почнувајќи од 12.06.2023 година (понеделник) и ќе трае до 20.06.2023 година (вторник).

Реализацијата на Проектот ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.

Критериуми:

  • Да е жител на Општина Центар-Скопје;
  • Да е на возраст над 62 години;
  • Да е корисник на пензија или да е корисник на социјална помош;
  • Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 30.000,00 денари месечно;
  • Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница (исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопје.

Заедно со Барањето во Архивата треба да поднесат:

  • Фотокопија од лична карта;
  • Фотокопија од потврда за примена пензија од претходниот месец или потврда издадена од надлежна институција дека лицето е корисник на социјална помош;
  • Фотокопија од медицинска документација за здравствената состојба, не постара од една (1) година.

Comments are closed.

Close Search Window