Uncategorized|

Општина Центар и во наредната година ќе исплаќа парична помош од 7000 денари за секое новородено дете на нејзина територија.

Право на парична помош се остварува за секое новороденче, како и во случај на повеќе родени деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе), односно тоа право го има мајката или таткото. Паричната помош се одобрува еднократно за секое новороденче.

Право на користење парична помош за новороденче има еден од родителите што е државјанин на Република Македонија. Двајцата родители треба да се со постојана адреса на живеење или престојување на територијата на Општина Центар-Скопје.

Барањето за остварување право на парична помош за новороденче, кое го дава општината и го има и во електронска форма на веб-страницата на Општината, како и наведената документација во Барањето се поднесуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје најдоцна до наполнети шест месеци на детето.

Средствата за еднократна помош за новороденче се доделуваат во согласност со Правилникот за постапката за остварување правото на парична помош за новороденче во Општина Центар – Скопје.

Правилник за доделување на еднократна парична помош за новороденчиња

Comments are closed.

Close Search Window