Активности|

Во период кога загаденоста на воздухот се мери и над 100 микрограми на метар кубен, Општина Центар доставува 100 прочистувачи за воздух за сите занимални во сите градинки во општината. Прочистувачите ќе бидат поставени во просториите каде најмладите го поминуваат најголемиот дел од нивниот престој, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за децата, слободно извршување на нивните секојдневни обврски и нивна помала изложеност на загаден воздух и штетни честички.

Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на најмладите. Борбата со загаденоста на воздухот е долготрајна, поради што не смее да се запостават позитивните ефекти и решенијата што ги нудат прочистувачите на воздухот. Тие ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување на мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење дечињата ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите на детската градинка.

Општина Центар обезбеди прочистувачи за воздух за сите 3 градинки и 8 објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари, преку програмата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

 

Comments are closed.

Close Search Window