Образование|

     Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2021 година („Службен гласник на Општина Центар“-Скопје бр. 25/20), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2021/2022 година

Општина Центар-Скопје за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Кандидатите да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во    општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар-Скопје  и
  • Да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение.

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на науките (природни и општествени) од VI до IX одделение:

  • I место градски (општински) натпревар (0,5 бода)
  • I место регионален натпревар (1 бод)
  • I место државен натпревар (1,5 бода)
  • I или II место меѓународен натпревар (2 или 1,5 бода) и
  • Наградите од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат предвид
  • Се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот.

III Потребни документи

Со барањето кандидатите треба да достават:

  • Потврда од училиштето дека кандидатот е редовен ученик
  • Биографија на ученикот
  • Фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение
  • Фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науките од VI до VIII одделение.

IV Висина на стипендијата и рангирање

– Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година.

– За освоени од два (2) до пет (5) бода висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари.

– За освоени повеќе од пет (5) бода висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

V Начин на пријавување

Потребните документи да се достават до Општина Центар-Скопје.  Пријавите ги разгледува и по нив одлучува Општинската комисија формирана за овој конкурс.  

VI Рок за поднесување документи

Рокот за поднесување документи е 30.9.2021 година.

Нема да се разгледуваат некомплетните документи и оние што не се доставени навреме.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.  

Comments are closed.

Close Search Window