Јавен повик|

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка наменета за пензионери во социјален ризик, кои се жители на Општината. Со Програмата за измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.16 од 13.11.2023 година) се обезбедуваат средства за еднократна финансиска помош и поддршка, со цел олеснување на состојбата на лицата од најранливите категории – пензионери.

Јавниот повик е отворен од 21.11.2023 година, заклучно со 6.12.2023 година.

Висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.000,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена во Буџетот на Општина Центар – Скопје за 2023 година.

Финансиската поддршка се однесува на следната категорија на граѓани:

  • Граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на Општина Центар – Скопје;
  • Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чиј износ не е повисок од 20.122,00 денари (согласно податоците од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија исплатена пензија во месец септември 2023 година).

За остварување на правото на овој вид финансиска поддршка, заинтересираните граѓани треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Лицето – пензионер да е корисник на старосна, семејна или инвалидска пензија;
  • Лицето – пензионер да е жител на Општина Центар-Скопје;
  • Лицето – пензионер да користи пензија чиј износ не го надминува износот од 20.122,00 денари.

За таа цел, заинтересираните граѓани треба да ги достават следните документи:

  • Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од банката во која се прима пензијата, за месец септември или месец октомври за 2023 година).

Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка.

На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решенија за доделување на финансиска поддршка.

Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.000,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирани до крајот на 2023 година.

Ги повикуваме сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

БАРАЊЕ (1)

 

Comments are closed.

Close Search Window