Активности, Пресс|

Денеска, на прес-конференција, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ преку презентација ги образложи одлуките кои минатата недела беа донесени во врска со ДУП Градска четврт И 06 – Пролет од страна на Советот

Ова претставува 4ти ДУП од вкупно 31 за кои допрва Советот ќе треба да расправа. За разлика од минатата општинска администрација, пред 2012 година се трудиме овие расправи и одлуки да ги носиме јавно и транспарентно, преку јавна анкета каде граѓаните ќе можат да учествуваат со сугестии и коментари.“ – кажа градоначалникот Саша Богдановиќ.

Државното земјиште кое било предвидено за градба во општина Центар ќе се пренамени во зеленило.„Нема да има зграда до зграда и да си гледаат соседите дома, туку има значително растојание меѓу зградите. Новата градинка е во склоп на училиштето и се работи за убава површина согласно параметрите за градинка. Површината е на 1992 метри квадратни. Висината е според прописите, а има предвидено и двор“,изјави градоначалникот Богдановиќ.

По две години, градоначалникот кажа дека општинската администрација дала максимални напори да се измени она што може, бидејќи до сега Деталните урбанистички планови биле ревидирани. Следниот ДУП кој ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче.

Целта е да покажеме една друга слика од претходно, кога планови се носеле без јавност, во 3 часот наутро се заради нечии интереси. Наша задача како општинска администрација е да придонесеме за непречени услови за да се направат измените“, додаде Богдановиќ.

Покрај другото, извршена е пренамена на парцелата 1.02 покрај основното училиште 11-ти октомври, од објект на локална самоуправа во објект со намена в2: здравство и социјална заштита, поточно детска градинка.

На местото на постоечката месна заедница Корчагин, ќе може да се изгради детска градинка со површина на парцела 1992 m2 и површина за градба одмаксимум1334 m2, а развиена површина од 2668 m2.

Постоечката кула, на местото на денешниот паркинг, на парцелата 1.27 ќе може да се изведе паркинг со 2 нивоа: едно полуподземно и едно полунадземно ниво, со цел да не се нарушуваат видиците на станарите. Овој паркинг со површина од 1635 m2 (по ниво) се предвидува со цел да се решат проблемите со паркирање на постоечките објекти, а притоа да не се уништува зеленилото, како што се предвидувало во претходните варијанти на плановите.

„Сите уредени зелени површини се зачувуваат. Површината под јавно зеленило е тројно зголемена, односно од постоечките 4283 на 12.811 m2 во однос на претходните планови.
Toa
зеленило го опфаќа постоечкото зеленило меѓу постоечките станбени згради, заштитното зеленило, но и неколку нови помали површини, кои не биле предвидени како јавно зеленило во претходните планови, а во стварноста се зелени.


Зачувано е детското игралиште, кое заедно со најголем дел од зеленилото меѓу станбените објекти ќе беа уништени доколку се дозволеа надградби на постоечките станбени згради и не се решеше проблемот со паркирање
.“ ­-– додаде Богдановиќ

Comments are closed.

Close Search Window