Активности, Проекти|

По четврти пат, Општина Центар го реализираше Буџетскиот форум за сработените проекти  во 2019-та година и го презентираше Нацрт-буџетот за планираните програми во 2020-та година.

Настанот се реализираше во две работни сесии и на две локации, во основните општински училишта „Димитар Миладинов“ и „Киро Глигоров“. На форумот учествуваше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, општинската администрација и раководителите на секторите, како и сите заинтересирани жители на општина Центар, кои преку дискусија на нивните предлог-идеи, барања и предлози, заеднички го креираа Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2020-та година, кој треба да биде изгласан на седницата на 10-ти декември оваа година.

„Со ова оставаме простор самите граѓаните да учествуваат во креирањето и носењето на буџетот за 2020-та година и освен овие средби кои ги имаме преку буџетскиот форум, граѓаните ја имаат  можноста за користење на алатките на официјалната веб страница на општината и електронски да ги доставуваат своите предлози за креирање на буџетот. Со ова, успеваме да покажеме дека Буџетот на Општина Центар успешно го креираме заедно со граѓаните“ – изјави градоначалникот, Саша Богдановиќ.

Врз основа на извештајот за извршување на буџетот, планираните приходи за 2019 година изнесувале вкупно  1.094.361.000, додека реализираните приходи се 994.010.648, односно 91%.

Вкупниот буџет на Општина Центар за 2020-та година е проектиран на вкупен износ од 1.163.429.000,00. Основниот буџет изнесува 650.374.000,00 денари, буџетот на самофинансирачки активности (буџети на основни училишта и детски градинки) – 62.530.000,00 денари, буџетот на блок дотациите (буџети на основни училишта и детски градинки финансирани од ресорните Министерства) – 301.582.000,00 денари, буџетот на донации – 124.240.000,00 денари и буџетот на кредити – 24.703.000,00 денари.

По усвојувањето од страна на Советот на Општина Центар, Планот на програми за развој                         во вкупен износ од 156.700.000,00 денари, станува составен дел на Нацрт – буџетот на општината за 2020-та година.

Степенот на реализација на предложените активности ќе зависи од степенот на реализација на приходите во 2020 година

Comments are closed.

Close Search Window