Образование, Спот и млади|

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 1/2019“), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

ОГЛАС

за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2019/2020 година

I. Услови за доделување стипендија

Учесниците на огласот треба да ги исполнуваат следните услови:

– да се жители на Општина Центар

– спортистите да се редовни ученици во VIII  и IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

II. Критериуми за доделување стипендија

Спортистот потребно е да има постигнување на точни (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 01.09.2018 година до 31.08.2019 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

– Освоено индивидуално прво место (1 бод) на државно првенство;

– Балканско првенство прво место (2 бода);

– Европско првенство  прво место (3 бода);

– Училишни спортски игри  во организација на Општина Центар-Скопје (во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка-девојки и шах) и истите да се прогласени за најдобри поединци.

     Останатите успеси и резултати кои не се во согласност со календарот на натпревари од националните и меѓународните спортски федерации, нема да се земаат предвид.

III. Потребни документи

Со барањето учениците-спортисти на огласот треба да достават:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик во VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар;

– Биографија на спортистот;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 01.09.2018 година до 31.08.2019 година како и признанието за најдобри играчи, стрелци и смечари, прогласени во училишната „ЛИГА ЦЕНТАР 2018/19“, објавено на сајтот на Општина Центар-Скопје во четирите спортски дисциплини (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка-девојки) и шах.

IV.  Висина на стипендијата и рангирање

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 денари и 3.000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната  2019/2020  година:

– За освоени два бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно;

– За освоени три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно и

– За најдобрите поединци-спортисти прогласени во училишните спортски игри „ЛИГА ЦЕНТАР 2018/19“, во организација на Општина Центар-Скопје (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка-девојки) и шах, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно.

V.  Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бб – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

VI. Рок на поднесување  документи

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 27 септември 2019 година.

Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.

Comments are closed.

Close Search Window