Активности|

На последната седница на Советот на Општина Центар беше усвоено барањето на компанијата „Рептил Маркети“ за донација во хортикултурно уредување на јавна површина на територијата на Општина Центар.

Станува збор за фрекфентна локација во централното градско подрачје која се наоѓа пред кулата на главниот влез на Зелен пазар. Активностите за уредување на просторот започнуваат оваа сабота и истите ќе опфатат ревитализација на постоечко и засадување ново зеленило,245 м2 комплетно нова тревна површина и 100 м2 нова пристапна патека, со што хортикултурно целосно ќе се уреди овој простор.

Компанијата „Рептил Маркети“ е првата компанија-донатор која на сопствена иницијатива ја обезбеди донацијата. Со оглед на успешната соработка помеѓу „Рептил Маркети“ и Општина Центар, општината започнува проект во кој, со донација за уредување на паркови и други јавни површини, можат да се вклучат и други општествено одговорни компании.

За таа цел, во наредниот период општината ќе достави барања до компаниите кои опстојуваат на територијата на Општина Центар за уредување на просторот, пред сé, околу нивните објекти, но и до други компании кои сакаат да дадат свој придонес во уредување и разубавување на центарот на градот.

Comments are closed.

Close Search Window