Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег.
Да се стимулираат пешачките токови каде што ќе се даде приоритет на пешаците и ќе се зголеми нивната безбедност при движење по должина на улицата Орце Николов.
Да се воведат велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени согласно Планот за развој на велосипедски патеки на Град Скопје и со тоа ќе им се даде соодветен простор на велосипедистите за нивно безбедно движење.
Предметната локација е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени ГУП на Град Скопје (2012- 2022) донесен со одлука бр. 07-5068/1• од 03.12.2012 Изменување и дополнување на ДУП Градска Четврт „Дебар• Маало 1„ донесен со одлука бр. 07-9816/4 од 21.12.2012 година Изменување и дополнување на ДУП Градска Четврт „Дебар• Маало 2„ донесен со одлука бр. 07-3727/2 од 28.12.2009 година
ПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК: од 08:00 до 16:00 часот
(Пауза од 11:30 до 12:00 часот)
АДРЕСА: ул. Михаил Цоков бр 1