КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ФИРМА, ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА  (Надлежна институција – ГРАД СКОПЈЕ)
Вид – Име на услугатаИздавање на Решение за комунална такса за истакнување на фирма (фирмарина), односно назив на деловна просторија од Градоначалникот на Град Скопје
ОбврзникПравни лица и физички лица-вршители на дејност
Цена

Согласно со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје (Сл. гласник на Град Скопје, бр. 3/2020), почнувајќи од 01.01.2020 година (и тековно), износот на фирмарина е намален како што следи:

Тарифен број 1

За фирма, односно назив на:

а) деловните простории на физичките лица кои вршат дејност 1.300,00

б) деловните простории на физичките лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ
350,00

в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите. 
4.000,00

продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите,
2.000,00

деловни простории на правни лица од комуналните дејности
2.000,00

деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови кои дејствуваат повремено
2.000,00

Потребни документиНадлежен е Град Скопје
Административна такса 
Прием на барањето 
Место на реализацијаГрадоначалникот на Град Скопје донесува Решение за комунална такса за истакнување на фирма (фирмарина), односно назив на деловна просторија
Рок на реализација 
Начин на доставување на услугата / документотПо пошта
Потребни барања 
Рок на жалбаПротив Решението на градоначалникот на Град Скопје може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување (Согласно член 52 од Законот за данок на имот – Службен весник на РМ 61/04…151/21)
Законски основЗакон за комунални такси, член 9 став 1  (Службен весник на РМ бр.61/04..151/21) 
ЗабелешкаГрад Скопје (https://www.skopje.gov.mk)
Close Search Window