Се донесува Решение за свикување на четвртата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 29.01.2026 година /четврток/ во 11:30 часот.
Јавен повик за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.
Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите.
По вчерашната акција на Општина Центар, денеска продолжија активностите за целосно чистење и уредување на просторот кај Паркот на новинарите, спроти зградата на „Нова Македонија“.
Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје, се донесува Решение за свикување на 50. седница на Советот на Општина Центар – Скопје.
Општина Центар ја финализираше целосната реконструкција на спортското и детско игралиште во населбата Кале, создавајќи модерен, безбеден и функционален простор за спорт, игра и дружење на отворено.