Сектор за јавни набавки

Сектор
Секторот за јавни набавки е задолжен за ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со сите аспекти на јавните набавки во Општина Центар - Скопје. Обезбедува стручна помош, насоки и активно придонесува кон успешното функционирање на институцијата
Сектор за јавни набавки

Секторот за јавни набавки е задолжен за ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со сите аспекти на јавните набавки во Општина Центар - Скопје. Обезбедува стручна помош, насоки и активно придонесува кон успешното функционирање на институцијата и нејзините организациони единици.

 

Одделенија во рамките на Секторот за Јавни набавки

 Во рамките на Секторот за јавни набавки функционираат две специјализирани одделенија: Одделение за администрирање на јавни набавки и Одделение за планирање и спроведување на јавни набавки.

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00

Одделение за администрирање на јавни набавки - мид

1
2
3
Одделение
Администрирање на јавни набавки
Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно администрирање на процесите на јавни набавки, обезбедувајќи стручна помош и поддршка на институцијата и нејзините организациони единици

Работни цели, задачи и обврски на Секторот за Јавни набавки 

 

Работни цели

Главна цел на Секторот е обезбедување целосна законитост, транспарентност и оптималност во процесите на јавни набавки , како и континуирано унапредување на професионализмот и капацитетите на вработените.

 

Работни задачи и обврски

Секторот за јавни набавки ги извршува следниве клучни задачи и обврски:

  • Организација и координација: Ја организира, насочува и координира работата на Секторот.

  • Контрола и надзор: Врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работните задачи.

  • Распределба на задачи: Ги распоредува работните задачи на раководителите на одделенијата во рамките на Секторот.

  • Стручна помош и менторство: Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во организационата единица со која раководи.

  • Професионален развој: Се грижи вработените во Секторот стручно да се усовршуваат, како и за нивната работна дисциплина.

  • Годишен план за јавни набавки: Одговорен е за подготовката на годишниот план за јавни набавки во законски утврдениот рок.

  • Учество во работни тела: Учествува во работата на работните тела на Советот на Општината, кога е овластен за тоа.