Општина Центар-Скопје за 2025 година, со цел културно и забавно анимирање на жителите по повод новогодишните празници, објавува Јавен повик за реализација на проектот „Вечер под ѕвездите“. Датумот за одржување на настанот е 29.12.2025 година (понеделник), а предвидената локација за реализација на проектот е Боемска улица.
Се донесува Решение за свикување на првата вонредна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 12.12.2025 /петок/ во 10 часот во салата на Советот (барака 6)
Се донесува Решение за свикување на втората конституитивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 09.12.2025 година /вторник/ во 13 часот.
Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.
Се донесува Решение за свикување на првата конституитивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 19.11.2025 година /среда/ во 13 часот.
Се донесува Решение за свикување на 53. седница на Совет на Општина Центар – Скопје. Седницата ќе се одржи на 9.10.2025 година /четврток/, со почеток во 13.00 часот
Градоначалникот Горан Герасимовски, го исполни ветувањето на граѓаните и просторот којшто беше дива депонија, целосно го исчисти во месец февруари и летово го пренамени во паркинг простор на барање на жителите на една од маалските средби „Се гледаме во маало“.