Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, гостуваше на конференцијата PARkon 2026 во Белград, на која учествуваа претставници на јавните претпријатија за паркирање од регионот.
Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервјуто за „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека деталниот урбанистички план за „Барутана“ нема да биде ставен на гласање пред Советот доколку дополнителните стручни анализи покажат ризици за безбедноста на теренот.
Општина Центар утре, 16 октомври, го организира настанот „7/8 Центарски такт“, посветен на македонската народна песна и фолклорната традиција. На Боемска улица 1, граѓаните ќе можат да уживаат во вечер исполнета со музика, народни носии и дружење.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница.
Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.
Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз.