Герасимовски: Бесплатно обезбедување во градинките во Центар од следната година и нови униформи за вработените

04.09.2025
Во програмата за следната година ќе биде предвидено воведување бесплатно обезбедување во сите градинки, со цел највисока безбедност и сигурност на децата. Дополнително, општината ќе обезбеди нови униформи за вработените, поставување клима-уреди за подобри услови за престој, како и редовна проверка на санитарно-хигиенските стандарди двапати годишно.

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

04.09.2025
Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар. Ова беше договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз.

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ со медијатека, новото катче за знаење е пример за современо образование

04.09.2025
Медијатеката е опремена со единствен софтвер кој им овозможува на учениците полесно да пристапуваат до литература, да ја резервираат книгата што им е потребна преку сопствена е-пошта, да пребаруваат по наслови и автори и да добиваат потсетување за враќање на позајмените книги.