Герасимовски: Сцена на отворено, музика и сеќавања, во понеделник го чествуваме роденденот на Горан Стефановски

26.04.2026
Општина Центар на 27 април, во понеделник, со почеток од 17 часот, кај спомен-клупата на Горан Стефановски, ќе одржи настан посветен на одбележувањето на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци.

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 95 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

27.04.2026
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 19.04 до 26.04.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 95 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈАВЕН ПОВИK за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година за финансирање на проект Street food викенд

21.04.2026
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект Street food викенд, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

Герасимовски: Бесплатна тура со стручен водич низ постземјотресните обележја, запознајте го Центар чекор по чекор

24.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид.

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички, силна инфраструктурна динамика и богата програма за јубилејот на Центар

23.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во утринската програма на Канал 5 информираше дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во прва и втора фаза, на делницата од „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство.

Гeрасимовски: Центар сам ќе се  грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

23.04.2026
Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во дебатата „Топ тема“ на Телма ТВ.

Герасимовски:  Игралиштето „Дрвен“ повторно во функција , со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите

20.04.2026
Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед. Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“  

20.04.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел популаризација на рок музиката во урбаната средина и поддршка на младите и неафирмирани музичари, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“.