Десета седница ДНЕВЕН РЕД 2026 година

Соопштенија
Седница
Се донесува Решение за свикување на деветтата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 23.7.2026 година /четврток/, со почеток во 9.30 часот
1
21.07.2026

ОПШТИНА ЦЕНТАР

СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Бр.08-4197/1 од 16.7.2026 година

                    С К О П Ј Е                                                         

                                                                            ДО                                                     

                                                                                 ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

                                                                                   НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

                                                                                             С К О П Ј Е

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 10. седница на

 Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам 10. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 23.7.2026 година /четврток/, со почеток во 9.30 часот.

За седницата го предлагам следниов

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

                                                             

  1. Разгледување на Извештај за работа на ЈП Лајка Општина Центар-Скопје, за период јануари-декември 2025 година.

  1. Предлог-одлука за формирање Локален управен комитет за изработка на трет Локален Еколошки Акционен План за животна сртедина (ЛЕАП 3) на Општина Центар-Скопје за период 2026-2032 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за прием на поголем број деца во воспитните групи во однос на предвидениот проектиран капацитет во јавните установи за деца детски градинки на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „Коле Неделковски“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „11 Октомври“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „Димитар Миладинов“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „Гоце Делчев“ во учебната 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општинско основно училиште „Кочо Рацин“ во учебната 2025/2026 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Киро Глигоров“-Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ -Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програмаза работа на Општинското основно училиште „Коле Неделковски“-Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“-Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“-Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „11 Октомври“ -Скопје за учебната 2026/2027 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2027 година на Општинското основно училиште „11 Октомври“-Скопје бр. 04-224/8 од 10.7.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар-деловен простор во сопственост на Општина Центар-Скопје на Трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на Општина Центар-Скопје „ЕНЕРГИЈА-ЦЕНТАР“ ДООЕЛ Скопје.

  1. Предлог-одлука за измена на Одлуката за формирање Локален совет за превенција на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за издавање под закуп на деловен простор во катна гаража „Судска палата“.

  1. Предлог-одлука за измена на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Општина Кисела Вода за вршење работи од областа на урбанизмот и просторното планирање.

  1. Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс.

  1. Предлог-одлука за давање на согласност за продолжување на Договор за закуп на училишен простор во Општинското основното училиште „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

                   

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.

                                                         Совет на Општина Центар-Скопје

                                                          ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                          Виолета Велковска

Submitted by miai on 20.07.2026 - 12:30