Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, звонче, безбедна сајла, катанец и сл., за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2026 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2026 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број 5/26), Општина Центар – Скопје се грижи за животната средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до нов велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема за велосипед и е- велосипед.