Герасимовски: Фактите ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, во ребалансот за 2026 година нема ниту еден денар за „Пелагонија“

Активности
1
30.06.2026

Герасимовски: Фактите ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, во ребалансот за 2026 година нема ниту еден денар за „Пелагонија“

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар повторно се обидува да ја доведе јавноста во заблуда, пласирајќи невистини за ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Тврдењата дека со ребалансот се обезбедуваат средства за исплата на судски пресуди поврзани со „Пелагонија“ се целосно неточни и претставуваат свесна манипулација со граѓаните.

Фактите се јасни и лесно проверливи.

Одлуката по која е изгубен судскиот спор е донесена во 2025 година, а обврската по таа пресуда е целосно исплатена во текот на 2025 година. Прашањето е затворено минатата година и нема никаква поврзаност со ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Во ребалансот за 2026 година се предвидени средства за реконструкција и санација на ООУ „Димитар Миладинов“ за изградба на лифт за децата со попреченост, во ООУ „Киро Глигорв“ поставување на нов чилер, реконструкција на платото на салата во ООУ „Гоце Делчев“ и реконструкција на постоечкиот потпорен ѕид во дворот на ООУ „Кочо Рацин“.

И покрај тоа, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше против овие инвестиции за децата.

„Наместо да ги поддржат проектите што обезбедуваат подобри услови за учениците, тие избраа да шират лаги и да ја манипулираат јавноста. Денес разговараме исклучиво за подобри училишта и подобри услови за нашите деца. Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ повторно гласаше против инвестициите во образованието и против подобри услови за учениците“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи одговорно и транспарентно да работи во интерес на граѓаните, а јавноста навремено и вистинито да ја информира за сите одлуки и политики, без простор за политички манипулации и дезинформации.

Submitted by miai on 30.06.2026 - 15:02