Петнаесетта седница ДНЕВЕН РЕД 2026

Соопштенија
Седница
Се донесува Решение за свикување на петнаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 13.11.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.
1
09.11.2026

ОПШТИНА ЦЕНТАР

СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Бр.08-/1 од 6.11.2026 година

                    С К О П Ј Е     

                                                   

                                                                            ДО                                                     

                                                                                 ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

                                                                                   НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

                                                                                             С К О П Ј Е

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 15. седница на

 Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам 15. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 13.11.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.

За седницата го предлагам следниов

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

                                                             

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Измена на Годишниот план за вработување за 2027 година на Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“-Скопје бр. 05-545/1 од 7.10.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижен имот-Спортско рекреативна сала на ООУ „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

  1. Предлог-одлука за измена на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Општина Кисела Вода за вршење работи од областа на

          урбанизмот и просторното планирање.

  1. Предлог-одлука за сопствено учество (кофинансирање) на   

     проектот „Енергетска ефикасна реконструкција на ООУ

     Св. Кирил и Методиј-Центар“.

  1. Предлог-план на Програми за развој за период 2027-2029 година, на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-измена и дополнување на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2026 година

  1. Предлог-измена и дополнување на Програма за реконструкција и санација на основни училишта и детски градинки на Општина Центар-Скопје за 2026 година

  1. Предлог-измена и дополнување на Програма за образование на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-измена и дополнување на Програма за социјална, здравствена заштита и заштита на децата на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-измена и дополнување на Програма за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје, за субвенционирање на правни субјекти за обезбедување пристапност за лица со попречености на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје, за субвенционирање и поддршка на микро и мали претпријатија  за производство на домашни производи.

  1. Предлог-решение за избор на член од Советот на Општина Центар-Скопје за претставник во Мрежата на асоцијации на локални власти од југоисточна Европа (НАЛАС).

  1. Предлог-одлука за доделување на Годишна награда на Општина

          Центар „Феникс“ 2026 година.

  1. Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за улица „Славејко Арсов 4“-1 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 06-дел од локалитет Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2, плански период 2016-2021, Општина Центар-Скопје (Одлука бр.08-5980/6 од 10.12.2019 год.).

  1. Предлог-одлука за донесување/недонесување на Урбанистички проект со план за парцелација со намена А2 домување во згради за спојување на ГП 19.12 и 19.13 од Изменување и дополнување на ДУП за Буњаковец 2, (Одлука број 07-9331/10 од 10.12.2012) КО Центар 1 Општина Центар-Скопје.

             

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.

                                                         Совет на Општина Центар-Скопје

                                                          ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                          Виолета Велковска

Submitted by miai on 09.11.2026 - 09:50