Култура|

Богдановиќ: Читалните продолжуваат да работат, младите да ги користат придобивките на бесплатниот книжевен фонд

Скопје, 21.03.2019 – Денес во просториите на читалната „Славко Јаневски“, Општина Центар и основното училиште „Гоце Делчев“ го одбележаа Светскиот ден на поезијата.
На настанот на кој присуствуваа и деца од споменатото училиште беше организирано поетско читање на поетесата Елена Пренџова, која на книжевната сцена е присутна повеќе од една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири, наградени со национална награда.


„Ова е вистински момент уште еднаш да кажеме дека читалните во нашата општина продолжуваат да работат. Овие читални се од големо значење за младите, не само како место каде тие можат да изнајмат книги од богатиот книжевен фонд, туку и како место за одржување на промоции на книги и разни други културни настани. Задоволство е денес да се биде тука и да се одбележи Интернационалниотденнапоезијата кој има за целдапотсети на книжевните вредности на поетскотоучење и да ја промовира поезијата како современа форма на книжевен израз. Ги охрабрувам младите што повеќе време да минуваат во читалнитеи да ги користат придобивките на бесплатниот книжевен фонд“ – изјави Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Неодамна Општина Центар донираше книги во читалната „Славко Јаневски“, а во таа прилика Градоначалникот Богдановиќ подели и членски карти на основците од општината.


Инаку, читалната „Славко Јаневски“ е првата маалска читална отворена на територијата на Центар, во чест на творецот на првиот роман на македонски јазик. На територијата на Центар се наоѓа и читалната „Ацо Шопов“ во населбата Капиштец, а двете читални располагаат со книжевен фонд од над 8.000 книги.


Одлуката за прогласување на 21 март како Светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 година на 30-тата седница на УНЕСКО. Една од главните целина УНЕСКО за одбележување на Светскиот ден на поезијатае поддршка на јазичната разновидност преку поетскиот израз.

Comments are closed.

Close Search Window