Во чест на денот на раѓањето на бардот на македонската драма Горан Стефановски денеска повторно уживавме во неговите драми. Пред муралот каде заедно израснавме и каде сега е испишан рефрен од песната Скопје, ги слушавме неговите аудио драми, ја проследивме промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, и уживавме во изведбата на култните песни на „Леб и сол” во изведба на бендот Сешн Селекшн.
Градоначалникот Горан Герасимовски на синот Игор Стефановски му врачи карикатура со ликот на Горан Стефановски во чест на неговите безвременски дела со кои пренесуваше универзални пораки за сите граѓани.
Оставаме видлива трага преку создавање мини културни простори под ведро небо што ќе се користат за промоција на младите и неафирмирани уметници. Овие културни сцени, центарски ќошиња ќе никнуваат низ Центар, збогатени со мурали и графити, ќе ја изразуваат поддршката и трудот што Општината ги вложува во областа на културата.