Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна.
Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало.
Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“.
Општина Центар останува посветена на поддршка и поттикнување на вакви настани, кои ги мотивираат младите да растат во здрав, креативен и интелектуален дух.
По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје.
На седницата на Советот на Општина Центар се донесени два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“.
На иницијатива на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спортската сала „Работнички“ го доби името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.Предлогот едногласно беше усвоен на денешната шеста седница на Советот на Општина Центар.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!”
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година.