Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје

Активности
1
23.09.2026

СООПШТЕНИЕ

Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје

Почитувани граѓани, 

Општина Центар-Скопје започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, ЛЕАП за периодот 2026 – 2032 година, во кој ќе се идентификуваат сегашните притисоци врз животната средина и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

Кажете ги Вашите размислувања, во однос на тоа како Вие ги чувствувате еколошките проблеми и секојдневните предизвици, поврзани со нив, како и вашите предлози за подобрување на квалитетот на живеење во Општината. Вашето мислење е од особена важност за дефинирање на идните акции за подобрување на постојните состојби во животната средина.

Ве повикуваме активно да се вклучите во креирање на идните политики на Општината од аспект на заштита на животната средина и да учествувате во креирање на одржлива заедница преку пополнување на анкетниот прашалник на следниот

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd0Zwxczfi6zE-Uzslnt4NYg5alub5i5n76-GjSW95v0HPIOw/viewform?usp=header

Анкетата е целосно анонимна.

Ви благодариме на учеството!

Општина Центар-Скопје

 

Submitted by miai on 23.09.2026 - 11:14