К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - „ФЕНИКС“ ЗА 2026 ГОДИНА

Активности
1
18.09.2026

Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Центар - Феникс, Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар - Феникс за 2026 година, на 2-та седница, одржана на 7.8.2026 година, одлучи да распише

 

 

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА

НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - „ФЕНИКС“

ЗА 2026 ГОДИНА

 

1. Годишната награда на Општина Центар - „Феникс” се доделува на физички и правни лица од Општина Центар-Скопје и од Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и во светот.

2. Право да ја добијат наградата имаат физички лица со наполнети 16 години.

3. Наградата  за  поединци  и група  творци се состои од диплома и паричен износ.

Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.

4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот и да се приложи кратка биографија, дипломи, пофалници, уверенија и друг вид на документи кои ги потврдуваат постигнувањата.

Сите предлагачи (поединечно или групно) треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

6. Конкурсот трае започнувајќи од ден 21.9.2026 година и трае заклучно до ден 5.10.2026 година, а предлозите со фотокопија од лична карта за предложените кандидати се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс, ул. „Михаил Цоков бр. 1 или во архивата на       Општина Центар-Скопје, во барака 6.

 

КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА

 ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-ФЕНИКС

Submitted by miai on 18.09.2026 - 10:07