Фотонапонската централа на ООУ „Киро Глигоров“ веќе е во употреба и носи пониски сметки за електрична енергија. Со „Енергија–Центар“ инвестираме во обновливи извори, штедиме јавни средства и градиме поодржлив Центар.
Заедно со граѓаните, го одржавме вториот буџетски форум во ООУ „Димитар Миладинов“ за 2026 година. Продолжуваме заедно, отворено и одговорно, да го градиме буџетот што ги одразува вистинските потреби на центарци.
Хуманитарната акција на Црвениот крст – ОО Центар по повод Светскиот ден на волонтерството. Заедно со волонтерите подготвувавме пакети со храна за социјално загрозени семејства и ја дадовме нашата поддршка на нивниот несебичен труд.
Обележување на Светскиот ден на лицата со попреченост. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење.