Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено
Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го презентираше отчетот за реализираните проекти во четиригодишниот мандат, изразувајќи задоволство што Центар денес е општина во која граѓаните се чувствуваат безбедно, достоинствено и почитувано.
Во сабота, 13 септември, со почеток во 19.30 часот по трет пат ќе се одржи големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкфонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“
Во програмата за следната година ќе биде предвидено воведување бесплатно обезбедување во сите градинки, со цел највисока безбедност и сигурност на децата. Дополнително, општината ќе обезбеди нови униформи за вработените, поставување клима-уреди за подобри услови за престој, како и редовна проверка на санитарно-хигиенските стандарди двапати годишно.
Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар. Ова беше договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз.
Медијатеката е опремена со единствен софтвер кој им овозможува на учениците полесно да пристапуваат до литература, да ја резервираат книгата што им е потребна преку сопствена е-пошта, да пребаруваат по наслови и автори и да добиваат потсетување за враќање на позајмените книги.
Во сабота, 13 септември 2025 година, со почеток во 19:30 часот во Паркот на Франкофонија, скопјани ќе имаат можност да уживаат во настапите на најпознатите македонски изведувачи Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, 2 Бона, Елена Ристеска и Дарио со Миг-21.