Со ревијален натпревар во кошарка во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26.
Вчера, во централното градско подрачје, на пешачката зона „Улица Македонија“ и низ Дебар Маало, успешно се одржа четвртото издание на културната манифестација „Центарски улици“, во организација на Општина Центар.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во утринската програма „Македонија наутро“ на МРТВ информираше за тековните активности за реконструкција на детските и спортските игралишта низ општината.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во утринската програма на Македонската телевизија ги покани сите граѓани да се приклучат на најголемиот хепенинг „Центарски улици 4“, што ќе се одржи на улица „Македонија“.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за уредување на просторот во Градски Ѕид, зад објектот „Краш“, на потегот од Зелено пазарче до улицата „Македонија“.
По повод Светски ден на уметноста, утре, на 15 април, Општина Центар ја претвора улица Македонија во отворена уметничка сцена со фестивалот „Центарски улици 4“, кој започнува во 12:00 часот.
Во текот на ноќта се отстранети нелегално поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и сувенири.
Акцијата беше реализирана по наредба на овластен градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи при Општина Центар, врз основа на претходно извршен вонреден инспекциски надзор. Со решението беше наложено нивно отстранување, по што лицата постапија согласно истото и во доцните вечерни часови самостојно ги демонтираа тезгите.
Во пресрет на велигденските празници, Општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „48 Часа“ истакна дека довербата што ја добил од граѓаните за втор мандат ја оправдува преку работа на терен и реализација на проекти за што има поддршка и од Советот.