Вратен јавниот простор: отстранета дивоградбата кај „Мечка“

26.11.2025
Општина Центар ја урна нелегалната доградба која подолго време го блокираше тротоарот и дел од коловозот во Дебар Маало. По повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата излегоа на терен и ја отстранија бесправно поставената конструкција што го попречуваше нормалното движење на пешаците и сообраќајот.

Час што инспирира: Локалната самоуправа низ детските очи заедно со Горан Герасимовски

24.11.2025
Денеска, заедно со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ одржавме час по локална самоуправа кадешто учевме како се гради општината, како се носат одлуките и што значи да се работи за сите граѓани.

Учиме за локална самоуправа и фукционирање на општината заедно со најмладите и Горан Герасимовски

20.11.2025
Учиме за локалната самоуправа. Учениците од IV одделение од „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Киро Глигоров“ ја посетија Општина Центар и се запознаа со тоа што е локална самоуправа и како функционира општината.

Јавен повик за поднесување на понуди (ППП) Градежни работи

21.11.2025
Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.

Герасимовски: Двојно повеќе зеленило, чист и еколошки Центар во следните четири години

18.11.2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „Призма“ истакна дека во следните четири години ќе се заложи за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини.

Герасимовски: Очекувам конструктивна соработка со Советот и во новиот мандат

16.11.2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, очекува и во новиот мандат стабилна и конструктивна соработка со сите советнички групи. „Политиката ја тргаме настрана и се насочуваме кон она што е најважно, интересот на граѓаните,“ рече Герасимовски во интервју за Racin.mk.

Герасимовски: Продолжуваме со редовно миење на улиците за чист и безбеден Центар

15.11.2025
Општина Центар утринава спроведе интензивно миење на улиците во сите населби на територијата на локалната самоуправа. Цистерните и метларките на ЈП „ПОЦ“ ја миеја прашината на улиците и тротоарите, го освежуваа и расчистуваа просторот околу контејнерите.