ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените“

Соопштенија
Јавен повик
1
23.09.2026

                                                                                              1

Врз основа на Програмата за еднакви можности на Општина Центар-Скопје за 2026 година, точка 3, на 23.9.2026 година Општина Центар-Скопје објавува

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

за пријавување лица  за

,,Oбука за финансиска писменост на жените”

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат следниве услови да се пријават на Јавниот повик за ,,Oбука за финансиска писменост на жените”:

  • жителки на Општина Центар - Скопје;
  • минимум завршено четиригодишно средно образование;
  • невработени лица (евидентирани во АВРСМ);
  • да се на возраст од 20 до 50 години.

  1. Начин на пријавување

Пријавата за ,,Oбука за финансиска писменост на жените” заедно со потребната придружна документација може да се поднесе во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9 до 15 часот или преку пошта на адреса ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

Потребни документи за учество во Јавниот повик се:

  • Пријава за ,,Oбука за финансиска писменост на жените”;
  • Потврда од Агенцијата за вработување (кандидатките треба да бидат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија);
  • Доказ за завршено образование (копиe);

Напомена: Пријавата за ,,Oбука за финансиска писменост на жените”е достапна и на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

  1. Рок на пријавување

Рок за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје како и на огласната табла во Општина Центар-Скопје.

  1. Други информации

Целта на обуката е развој на женското претприемништво што во голема мера зависи од финансиската писменост, а сето тоа води кон економска независност. Општина Центар-Скопје има цел економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемачки потенцијал. Планиран број на учеснички е 30 (триесет), на принципот прв дојден-прв услужен.

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

                                                                                      ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                    Д-р Горан Герасимовски

 

 

Документи
Submitted by miai on 23.09.2026 - 08:28