Герасимовски: Обновени игралишта во Дебар Маало и Капиштец, побарана засилена контрола од МВР 

24.06.2026
Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за  да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата.

Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја  историјата, културата и архитектурата на Центар

23.06.2026
Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на  бесплатна тематската прошетка  „Времеплов низ Центар,  историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда),  од  18:00 до 20:00 часот.

Герасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало  добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема

22.06.2026
Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март“ во Дебар Маало, со која е предвидено формирање  мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед.

Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките , единствена општина во државата со ваква мерка

18.06.2026
Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.

Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во  училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“,  пониски сметки за струја и поодржлив Центар

17.06.2026
„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на „ Енергија Центар ”, првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think.

Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија

14.06.2026
Во еден глас, со многу емоции и одлична атмосфера, вчеравечер на Плочникот кај Градски ѕид се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар.

Герасимовски: Утре сите заедно на „Центарска симфонија“,  ве очекувам на „Плочник“ , на коцерт под отворено небо

13.06.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во попладневната програма на МРТВ ги покани граѓаните на второто издание на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо, кој ќе се одржи утре со почеток во 19:30 часот на „Плочник“ во Градски Ѕид.

Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни

12.06.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата.

Герасимовски: 1,3 милиони денари исплатени за новороденчиња во првата половина од годината,  исплатите редовно се реализираат 

11.06.2026
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со  реализирани   142 исплати на територијата на локаланата самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања.