Јавен повик, Локален економски развој|

ЈАВЕН ПОВИК

За практикантство во Општина Центар – Скопје

 

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти) во Општина Центар – Скопје.

 

Јавниот повик е отворен од 19.5.2025 година и ќе трае до 29.5.2025 година. Практикантската работа ќе започне од 01.6.2025 година.

 

Со овој јавен повик ќе се овозможи на сите студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети да остварат практикантство во Општина Центар – Скопје, кои жители на општина Центар – Скопје.

 

Практикантството ќе се реализира во секторите на општината согласно можностите и потребите на општинската администрација  на Општина Центар.

 

Потребно да се достават следните документи:

  • Барање за практикантство;
  • Доказ дека се студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети,
  • Лична карта и трансакциска сметка,
  • Кратка биографија (CV)

 

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (19 мај 2025). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за текот на постапката.

 

Согласно член 7 од Законот за практикантство, Општина Центар ќе прифати осум (8) практиканти, а согласно член 6 од истиот закон, правото на практикантство е еднократно, со максимално времетраење од 6 месеци.

 

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-655 или на следната електронска пошта: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk

 

Барање-за-практикантство-2025

Правилник за практикантство

 

 

Comments are closed.

Close Search Window