Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје бр.08-1187/16 од 27.2.2025 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.2/2025) и точка 4.9 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-5795/38 од 27.12.2024 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.13/2024), Општина Центар – Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за реализација на проектот
„Нож и виљушка на европска чинија“
- Предмет на Јавниот повик:
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година, а со цел да се одбележи Меѓународниот ден на семејството, како и да се насочи вниманието на јавноста кон различните културни вредности, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“. Во рамките на овој проект планирано е да бидат претставени карактеристични производи од прехранбената дејност преку традиционалната македонска и европска храна. Ова ќе претставува можност за сестрано претставување на различните култури, а гастрономските креативности ќе придонесат за запознавање со поинаков начин и стил на живеење. Учесниците на Јавниот повик потребно е да понудат двочасовна програма со низа активности за унапредување на меѓународната соработка, промоција на локалните производители и анимирање на сите возрасни категории. Датумот за одржување на настанот ќе се утврди по завршување на Јавниот повик, а предвидената локација за реализација на проектот е Парк на франкофонија.
Овој Јавен повик се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје https://www.centar.gov.mk/
- Услови за пријавување:
2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата, туризмот и маркетингот и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје.
2.2. Критериуми: Врз основа на член 9 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје, сите здруженија, организации и правни субјекти кои вршат дејност од областа на културата, туризмот и маркетингот треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– да се регистрирани како, здружение, организација или правен субјект од областа на културата, туризмот и маркетингот со седиште во Општина Центар-Скопје
– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година
– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението, организацијата или правниот субјект
– да имаат најмалку една година работно искуство во културата
- 3. Потребна документација за пријавување на Јавнот повик:
– пополнета пријава со краток опис и агенда за настанот
– портфолио на здружението, организацијата или правниот субјект
– биографија на лицата, односно изведувачите вклучени во проектот
– референтна листа
– финансиска конструкција за средствата потребни за реализација на проектот
– активна трансакциска сметка на субјектите што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства
– Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.
- Комисија за евалуација и критериуми:
Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот од редот на администрацијата. Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за организација на настанот. Проектите ќе бидат бодувани согласно член 11 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје.
- Начин и рок на поднесување на пријавата:
Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
Сектор за јавни дејности/Одделение за култура
ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот
со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Нож и виљшушка на европска чинија“.
Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите поддржани со овој Јавен повик се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2025 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 4.9 „Нож и виљушка на европска чинија“ изнесуваат 300.000,00 денари. Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.
Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.