Активности|

Екипите на Општина Центар изминатиов период поставија нова урбана опрема низ повеќе локации во Центар и оштетените корпи за отпадоци и старите клупи за седење ги замени со нов модернистички дизајн.

Денеска на терен, општинската екипа изврши замена на постоечките клупи за седење и постави нови на повеќе локации на територијата на Општина Центар. Активностите за уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период со поставување на вкупно 70 клупи за седење со нов удобен дизајн за граѓаните.

Додека, новите 27 корпи за отпадоци се поставени на следниве локации низ Општина Центар. И тоа: паркот кај Кино Карпош, УЗ „Дане Крапчев“, кај Рамсторот во Дебар маало, во ООУ „Киро Глигоров“ и ООУ „Гоце Делчев“ на улиците: „Народен Фронт“, „Рузвелтова“ и „Костурски Херои“, детското игралиште кај „Зелен Пазар“, Даре Џамбаз и дел од Градски Ѕид. Во соработка со Градот Скопје изминатиов период беа поставени и распоредени 98 корпи наменети за ситни отпадоци.

Поставувањето на нова урбана опрема во центарот на градот треба да придонесе за подигнување на нивото на хигиената на јавните површини, како и обезбедување почист и поквалитетен начин на живот за граѓаните. Во наредниот период, Општина Центар ќе го продолжи трендот за поставување на нови 82 корпи и на други локации.

Градоначалникот Саша Богдановиќ упатува апел до сите граѓани да бидат совесни корисници и да не ја оштетуваат новата урбана опрема.

Comments are closed.

Close Search Window